ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е урбан мафијаш – дали фирмите кои му ја градат семејната дивоградба добивале тендери од Градот?

Од:

„И во време на денови на жалост во Македонија, дивоградбата на Шилегов не мирува, туку забрзано се гради. Иако градоначалникот во заминување Шилегов најави одговори, тој се уште молчи и не открива дали има дозвола за градење и која фирма ја гради неговата семејна зграда дивоградба“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Со тоа уште повеќе се отвора сомнежот дека фирмите кои му ја градат семејната зграда дивоградба, се фирми кои добиваат тендери од град Скопје. Со други зборови молкот на Шилегов гласно говори дека можеби фирмите кои скапо ги плаѓа со народни пари, потоа за без пари му градат зграда.

Инспекторите за урбанизам на Општина Карпош ги нема на терен да утврдат фактичка состојба, да видат дали има воопшто документи и право за надградба, дали има надминување на висината. Се е ставено во функција на урбаниот мафијаш Петре Шилегов. Граѓаните видоа дека кога тој гради ниту инспектори излегуваат,а документи се менуваат преку ноќ во сабота“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му