ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е градоначалник повеќе од една година, а СДСМ скоро две години е на власт и нема мерки против загадувањето

Од:

„Ветувањето на СДСМ за чист воздух е голема измама.

Петре Шилегов е градоначалник повеќе од една година, а СДСМ скоро две години раководи со владата и нема суштински мерки против загадениот воздух.

Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, владата на СДСМ не презема никакви мерки. Шилегов глуми градски шарлатан и игра игри, а заменик министерот за животна средина Јани Макрадули спие.

Едноставно СДСМ мува не ги лази што граѓаните наместо чист воздух со месеци дишат отров.

Додека владата на СДСМ се луксузира и вработува партиски војници, секојдневно болниците низ државата се полнат со пациенти кои имаат респираторни заболувања.

Граѓаните секој ден слушаат само бајати теми, а владата на СДСМ не презема конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

Мерните станици секој ден покажуваат опасно енормна загаденост на воздухот со ПМ10 честички, а мерки против загаденоста нема. Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ предлага конкретни мерки и тоа:
– Итно зголемување на мерните станици ширум Македонија,
– субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети,
– субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства,
– забрана за употреба на петрол и кокс

Граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа.

Нема место и време за политиканство кога станува збор за здравјето на нашите граѓани. ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш, власта да ги прифати нашите предлог итни мерки за справување со енормното загадување на воздухот.

Граѓаните се директни жртви на неспособноста на власта. Директни жртви на црнилата кои надвиснаа над Република Македонија. Токму поради ова ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат во борбата против ова зло на криминалниот картел наречен СДСМ и Зоран Заев.

Во недела нека ни се приклучат на протесниот марш во Велес со почеток во 13 часот како и наредната среда пред владата.
Зората ќе изгрее и ќе ги однесе црнилата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120 илјади евра префрлени на невладина во сопственост на Лазар Нанев

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да се одважат и да кажат чива е јахтата со која се луксузираат на Егејското Море

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче и Заев уживаат во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје Коцевски ги брани со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари