ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е единствениот градоначалник во историјата на Скопје кој не се памети по ниту еден проект

Од:

„Од ветениот тунел под Кале, Шилегов се сведе на 1 километар реконструкции низ секоја општина, и тоа пред избори.

Шилегов ги потценува скопјани и мисли дека ако пушти неколку машини по улиците ќе се создаде перцепција дека нешто работи.

Најавата за градежна офанзива се сведе на 9.5 километри реконструкции низ 10 скопски општини, односно по помалку од 1 километар проекти за секоја општина“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„1 километар реконструкции не е градежна активност, туку треба да биде редовна работа на градските претпријатија, а не повод за Шилегов да се фали со истото.

На Скопје му требаат капитални проекти, Скопје има потреба од нови булевари, мостови, нови зелени површини, Скопје има потреба од работа која запре во изминативе 4 години.

4 години нема никаква активност. Скопје тоне на инфраструктурен план. Да не се проектите и инфраструктурните решенија на ВМРО-ДПМНЕ Скопје ќе беше денеска целосно блокирано и во хаос.

Петре Шилегов ќе остане запаметен по едно големо ништо. Единствениот градоначалник на Скопје кој нема ниту еден капитален проект.

Шилегов вети продолжување и на булевар Илинден со нов мост преку Вардар кон Ѓорче Петров, нови булевари и улици, Шилегов вети многу, а скопјани добија едно големо ништо.

Наместо на работа, Шилегов се посвети на тендери. Шилегов треба да добие награда за патент – плаќаш две добиваш едно, и тоа секако плаќаш со народни пари.

Шилегов не работи за скопјани. Шилегов работи за себе. Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица