ВМРО – ДПМНЕ: Шилегов да одговори за закупнината и договорите со фирмите

Од:

СДСМ и Петре Шилегов се однесуваат крајно бесрамно и дрско. Фатени се на дело, а тие молчат и се обидуваат со манипулација да избегаат од одговорноста, рече на денешната прес-конференција Александар Стојкоски, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ.

Тој го повика Шилегов да одговори дали има договор за закупнина и колку пари добивате на име кирија од четирите фирми и зошто тие не ви се пријавени во Анкетниот лист.

– Шилегов не само што добива 700 евра од неидентификуван извор за имот кој никаде не постои, туку како што можеме да видиме има и четири фирми кираџии во неговиот стан на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/5-4 Скопје. Тој за овие 4 фирми, од кои две не се во негова сопственост, не приложува никаков договор за закупнина, а уште помалку има пријавено дека добива кирија од истите, истакна Стојкоски, упатувајќи прашање до Шилегов што крие.

ВМРО-ДПМНЕ, потенцира тој, говори со факти и како и секогаш ние имаме документи со кои ги поткрепуваме нашите тврдења.

Пратеникот Стојкоски ги покажа документите кои, според него, потврдуваат дека четири фирми се пријавени во еден стан во сопственост на Петре Шилегов.

Прва фирма, Акционерско осигурително брокерско друштво Нов осигурителен брокер Скопје, со седиште на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр 19/5-4 Скопје. Еден од членовите на одборот на директори, на оваа фирма, подвлече пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, е и Петре Шилегов.

Во втора фирма, рече Стојкоски, Адвокатско друштво Шилегов и партнери, повторно со седиште на истата адреса, еден од сопствениците и на оваа фирма е Петре Шилегов.

– Ова се двете фирми кои не се во сопственост на Петре Шилегов, чие седиште е во неговиот стан, а за кои тој не и објаснува на јавноста дали има склучено договор за закупнина и дали добива пари, нагласи пратеникот Стојкоски.

Третата фирма, посочи, е Блек Стоун Холдинг ДООЕЛ, повторно со седиште на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр 19/5-4 Скопје.

– Сопственик на оваа фирма е извесно лице со адреса на живеење во Абу Даби. Како баш од Абу Даби фирмата дошла за кираџија токму во вашиот стан, праша Стојкоски.

Четвртата фирма е Урбан Солутионс ДООЕЛ увоз извоз Скопје со седиште повторно на истата адреса, а сопственикот на оваа фирма е лице со адресан на живеење во Љубљана.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски