ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да не молчи и да не се крие од одговори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш побара одговор од портпаролот на СДСМ Петре Шилегов и неговата партија за, како што велат, скандалите поврзани со неговиот приход и имот.

– Како што можеме да видиме и во СДСМ го тргнаа од држење празни прес конференции, само да не биде принуден да одговори како е можно да добива 700 евра месечно закупнина за имот кој не постои. Kако може човек кој до скоро пријавувал месечни приходи од 33.000 денари да има купено злато, накит и часовници во вредност од 130.000 евра, праша на денешната прес-конференција Александар Стојкоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој побара и одговори на прашањата како може просечен човек да купи уметнички слики во вредност од 50.000 евра, како може во својот стан да смести четири фирми и притоа за ниту една да не пријави дека има договор за закуп и дали имотот од 1 милион евра го стекнал преку сомнителни приходи.

За ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Стојкоски, е разбирливо молчењето на Шилегов, кој фатен е на дело во скандали, но не е разбирливо мочењето на СДСМ и на лидерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела