ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да каже дали се фантомски фирмите – кираџии во неговиот стан

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Петре Шилегов од СДСМ јавно да одговори дали пријавените фирми на адресата на неговиот стан во Скопје, на булеварот „Кузман Јосифоски Питу“, вистински постојат или се фантомски, колку вработени имаат и со што се занимаваат.

Според ВМРО-ДПМНЕ, особено е сомнително што две од вкупно пријавените четири фирми се во сопственост на лица од Словенија и Абу Даби, а за нив Шилегов не доставил договори за закупнина, ниту открива колку кирија му плаќаат.

– Ако Шилегов не излезе да даде одговори за двете фирми кираџии во неговиот стан без пријавени вработени, се отвора сомнеж дека на адресата на неговиот стан има пријавено две фантом фирми, едната од Абу Даби, другата од Љубљана кои можеби вртат пари на сомнителен начин, рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојкоски. ВМРО-ДПМНЕ има индиции дека станува збор за фирмите Блек Стоун Холдинг и Урбан Солитионс кои немаат вработени, а пријавиле во Централниот регистар дека вршат угостителска дејност, односно маркетинг услуги.

Стојкоски потсети дека молчењето, прикривањето и соработката во вакви сомнителни дејанија за кои постојат сериозни индиции, се кривични дела.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски