ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов 2 години по ред плаќа по милион евра за изнајмување на машини за чистење на снег кој го нема

Од:

„Петре Шилегов две години по ред плаќа 1 милиони евра годишно за изнајмување на машини за чистење на снег кој го нема. 2 години по ред сопственикот на фирмата Аполо Инжинеринг става 1 милиона евра во џеб. 64.900.000,00 (со ддв) денари е договорот кој Петре Шилегов на 18.09.2019 го склучил со фирмата Аполо Инженеринг за изнајмување на возила за чистење на снег на градските улици во Скопје во периодот од 15 Ноември до 15ти Март за зимата 2019/2020 и за зимата 2020/2021. Ист ваков штетен и криминален договор Петре Шилегов склучува и есенва, 18.09.2021 на само еден месец пред избори за оваа зима и наредната, нормално со истата фирма“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, се над тоа се плаќа дополнително и оваа сума ќе расте вртоглаво.

Во 2020 година немаше снег, и скоро и да не беше употребена механизација. Но тоа не ја спречува Аполо Инжинеринг да се наплати и да си ги земе 1 милион евра, кои и следат според договорот.

Еве го договорот низ призма на бројки:

За периодот од 15 Ноември до 15 Март двете зими 2019 и 2020 фирмата добитник на тендерот за чистење снег има реални трошоци од скоро нула денари. Како што бевме сите сведоци снег тие 2 зими и да не видовме. Во превод чист милион евра во сопствениот џеб а изваден од џебот на граѓаните.

И на ова можеби ќе добиеме одговор “што доколку зимава имаме обилни врнежи од снег”.
И да има врнежи од снег дали камионите кои ќе поминат со плуг и ќе фрлат сол која исто така ја набавува градот во друга постапка која изнесува околу 300.000 евра, вредат над еден милион евра ? Се разбира дека не! Овде се работи за цунами по буџетот на град Скопје, за неодговорно и криминогено однесување.

На ваквите договори ќе им дојде крај. Парите на скопјани нема повеќе да се трошат на непродуктивни трошења и крајно сомнителнј набавки“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање