ВМРО-ДПМНЕ: Шеќеринска ја бидува за демагогија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ писмено реагира на изјавата на потпретседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

Радмила Шекеринска, велат, се однесува како 2 милиони граѓани во Македонија, да имаат колективна амнезија и забораваат што се СДСМ пропушти да направи и што се СДСМ уништи во оваа држава.

„СДСМ беше на власт цели 15 години, Радмила Шекеринска беше министер во владата на СДСМ од 2002-та до 2006-та година. Таа треба да одговори зошто тие во целост не го решија проблемот со носењето на законот за бранителите и не постапија онака како што тогаш бараа бранителите? Туку напротив, сите ги паметиме прогоните и бркањата од работа на бранителите, расформирањето на едницата лавови, како и потценувачкото влечење и сузбивање на протестите од пред Собранието на Р.М., кои беа во време на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Радмила Шекеринска според владеачката партија, ќе остане запаметена како еден од најсилните лобисти за продажба на ЕСМ.

„Очигледно е дека Радмила Шекеринска ја бидува за демагогија, меѓутоа кога имаше шанса да придонесува како вицепремиер, резултатите од нејзината работа беа погубни“ стои во писмената реакција од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“