ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска и Жерновски се плачковци и кодоши

Од:

Радмила Шекеринска и Андреј Жерновски, според ВМРО-ДПМНЕ, плачат пред меѓународната заедница и ја кодошат својата земја.

Реакцијата на владејачката партија следи по средбите на заменик-претседателката на СДСМ и градоначлникот на Центар со дипломатскиот кор и тврдењата на опозицијата дека преку случајот Шиповиќ власта сака да го прекрои мнозинството во Советот на општина Центар.

„Основен принцип и правило во работењето на Радмила Шекеринска, Андреј Жерновски и на СДСМ е да плачат пред странците и да ја кодошат сопствената држава. Македонија има свој суверенитет и тој се покажува преку работата на нејзините институции, вклучително и институциите задолжени за прогон на криминалот, но и преку обврската политичките ставови, аргументите и доказите партиите примарно да ги презентираат пред граѓаните на Република Македонија.

Во овој случај и Радмила Шекеринска и Андреј Жерновски се свесни дека ниту имаат докази, ниту имаат сериозни информации за целокупниот случај или за обвинителниот акт, а веќе си дозволуваат да даваат партиски квалификации. Тие без да го погледнат обвинението и доказите уште веднаш застануваат во одбрана на лица кои се основано осомничени дека сториле криминал. Тоа е неодговорно и говори дека во СДСМ не се подготвени да застанат на патот на организираниот криминал. Напротив, СДСМ плачењето и кодошењето на сопствената држава пред странците го воведуваат како правило“, се вели во партсикото соопштение.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела