ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска и СДСМ да ја признаат штетата што ја направија врз меѓународниот углед на Македонија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на изјавата на пратеничката од СДСМ Радмила Шекеринска дадена пред Јавното обвинителство, обвини дека ниту таа ниту нејзината партија се уште не се одважиле да ја признаат штетата што ја направиле врз меѓународниот углед на Република Македонија.

– Таа и нејзините колеги од СДСМ насилно нападнаа Претседател на Собранието на Република Македонија, го зазедоа неговото место,  кршеа и уништуваа државен имот, спречуваа колеги пратеници да влезат во собраниската сала, напаѓаа собраниско обезбедување и попречуваа функционирање на законодавниот дом. Шекеринска мора да знае дека пратеникот има морална обврска да се грижи за дигнитетот на институцијата Собрание на Република Македонија, се наведува во соопштенито од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, најмалку што треба да направат пратениците од опозицијата е да ја платат материјалната штета и да се извинат за штетата на угледот на Собранието и Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски