ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска дрско лаже

Од:

Радмила Шекеринска дрско лаже, а таа по којзнае кој пат ја излажа македонската јавност. Фактите го говорат спротивното. На списокот на Социјалистичката интернационала, каде што СДСМ е членка набљудувач СДСМ е заведена под името FYR Macedonia, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

– Референцата ФИРОМ, впрочем е наследството кое на државата и го остави СДСМ кога ги распродаваше националните интереси на државата. Токму за референцата ФИРОМ, СДСМ ја лажеше јавноста дека ќе трае само неколку месеци, а на крајот остана вечен товар на нашата земја кој до ден денес го носиме.Да е уште полошо, Радмила Шекеринска и во денешната изјава ги повтори истите зборови и аргументи кои што ги користат грчките дипломати кога ја блокираат Македонија – тврдат од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ