ВМРО-ДПМНЕ сепак би разгледувале Закон за јазиците

Од:

Партијата ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара за подобрување и проширување на Законот за јазици, рече Илија Димовски на брифинг со новинарите.

Тој кажа дека ваквиот закон го преговарале со ДУИ, но не успеале да се договорат за него и за СЈО.

Според него, овој состав на Парламентот нема капацитет да работи како што треба. Блокирањето на Собранието и узурпирањето на говорницата според ДИмовски се целосно право на пратениците и нема прекршување во процедурата.

– Одговорноста ја носиме сите. Доколку СДСМ прифати за 45 дена од денеска би имало избори. Ние победивме на изборите, а кога би ги изгубиле, тогаш би било друго, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус