ВМРО-ДПМНЕ: Секој што сторил криминал, треба да се плаши

Од:

ВМРО-ДПМНЕ писмено реагира на на изјавата на Петре Шилегов.

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев никогаш немал проблем да најде некој што јавно ќе се посрамоти со разни небулози, бидејќи Петре Шилегов со задоволство си го одработува богатството што го стекнува извршувајќи ги наредбите.

Граѓаните на 11-ти декември гласаа против криминогеното раководство на СДСМ и бараа тие да одговараат пред судот и законите. Ниедна апсурдна изјава и ниедна манипулација на криминалниот двоец на СДСМ нема да им помогне да избегаат од соочување со правдата.

Целиот имот на СДСМ е под хипотека, за кредит земен од Комерцијална банка. Медиумите пишуваа дека кредитот е околу 2 милиони евра.

Петре Шилегов треба да објасни дали неговото енормно лично збогатување и богатењето на аболицираниот криминалец Зоран Заев е поврзано со тој кредит?

Од каде му е на Петре Шилегов нов капитал од 200.000 евра заработен за само 2 години?

Јасно е дека криминогеното раководство на СДСМ е во паника. Медиумите информираа дека веќе се води постапка за незаконско финансирање на изборите од страна на СДСМ. Како што наближува денот кога ќе се дознае вистината за криминалот, така зачестуваат изјавите на Петре Шилегов кои наликуваат дека не се дадени при целосна свест.

Очигледно е дека криминогеното раководство на СДСМ се плаши откако не успеа да го излаже и изманипулира народот. Секој што сторил криминал, треба да се плаши“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ