ВМРО-ДПМНЕ: Секој проект на ВМРО-ДПМНЕ без разлика колку е корисен, СДСМ сака да го блокира

Од:

Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што кажа дека Алаѓозовски и СДСМ го блокирале и стопирале проектот за античкиот театар кај Скупи. Како што кажа тој, во ребалансот на буџетот предвиден за изградба на античкиот театар Скипи, средствата биле намалени за над 80 отсто.

– За жал на граѓаните, а за волја на вистината, ова ќе биде најнеуспешната влада која неинвестирала во културата. Овој антички театар од римско време е еден од најголемите и најзначајните објекти на балканот и пошироко, кој со конзервација и реставрација ќе се возобнови и повторно ќе може да прими од 8 до 10.000 гледачи. Ова е еден од најважните проекти кој што во најмала рака наместо да го блокира, треба да го реализира СДС преку Министерството за култура, рече Атанасов.

Според него, СДСМ нема познавања за важноста на овој проект. Како што кажа, Атанасов, тие по секоја цена продолжувале со деструктивноста, блокирањето и укинување на проектите кои се од огромно значење за граѓаните.

– На новиот антички театар во Скопје, беше предвидено по реализацијата да има капацитет од 8 до 10.000 гледачи, и таму да се реализираат бројни културни програми, како и концерти за младите да може да се забавуваат. Очигледна е намерата на СДС. Се што е проект или кадар на ВМРО-ДПМНЕ без разлика колку е корисно и од огромно значење за граѓаните, тие сакаат да го блокираат или сменат. Така беше и со срамното менување на директорите на театрите само затоа што биле блиски со Никола Груевски, без разлика колку тие се професионални и кредибилни во нивната работа, рече Атанасов.

Според него, стопирањето на проекти кои се од огромно значење за граѓаните, не носи корист никому.

– Ве повикуваме да не ја стопирате реализацијата на проектот за Антички театар Скупи. Наместо блокади, фатете се за работа, бидејќи вака ако продолжите ќе бидете запаметени како варвари на културата и културното наследство во Македонија, заврши Атанасов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он