ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога се открива криминал или злоупотреба, СДС се вадат дека се загрозува истрагата или дека се злоупотребува настанот

Од:

Секогаш кога се открива криминал или злоупотреба, СДС се вадат дека се загрозува истрагата или дека се злоупотребува настанот. Испумпувањето на милиони од буџетот преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ не можело да помине без знаење на власта. И кога ВМРО-ДПМНЕ обелодени, тие се вадат дека се попречува истрагата. Не постои сериозен криминал во изминатите 7 години за кој СДС не кажало дека се злоупотребува настанот и ниту еден не е расчистен. За нив најдобро е сите да молчат и никој да не зборува за криминалот кој го прават, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС тврдеше дека се попречува истрагата за случајот со 200 пасоши издадени на криминалци, видовме како заврши со затвор за шалтерските работници наместо оставка на Спасовски. СДС велеше дека се злоупотребуваат Ласкарци и Беса Транс, гледаме до ден денес нема одговорност од никого.

СДС апелираше да не се злоупотребува случајот со Тетовската болница за на крај кабелот да биде крив. Кога беа фатени во случајот Онкологија како профитирале на болни пациенти од рак, велеа да не се злоупотребува случајот, и еве 5 месеци никако да има одговорност за било кого, а криминалот е направен, жртви има, одговорност не. Нема скандал за кој СДС не се брани дека е злоупотреба на настан или попречување на истрага. И нема скандал кој во изминативе 7 години е санкциониран. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито