ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога е фатен во криминал Заев ја замајува јавноста со милијарди

Од:

„Зоран Заев без срам и перде ветува нов инвестициски циклус, а од тој кој што го ветуваше пред две години нема ништо реализирано. Очигледно штом го фатат во криминал или корупциски скандал, веднаш се расфрла со нови лаги за милијарди и ги вергла истите ветувања“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Во август 2019 година Заев ветуваше 5 милијарди евра инвестиции во инфраструктура, патишта, железници, училишта, градинки, водоводи, пречистителни станици, енергетика, а резултатот од тоа е огромна НУЛА. Реализацијата на капиталните инвестиции во текот на целата власт на Зоран Заев е катастрофална. Единствено успеаа да го зголемат долгот за 2,5 милијарди евра нов долг и да го искачат на историски највисоко ниво од 63% од БДП.

Знаејќи го Заев и оваа најава за инвестиции ќе биде нов пакет лага. Единствено успешен е во криминалот и корупцијата“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ