ВМРО-ДПМНЕ: Сега кога Бугарија ја укинува дополнителната такса за транзит на гас, на што го темелат најавеното ново поскапување на електричната енергија од страна на властите?!

Од:

Димитар Ковачевски на 1-ви ноември говореше дека поскапувањето на струјата кое би се случило на цената на електричната енергија за домаќинствата во Македонија, ќе биде резултат на таксата која ја воведува Бугарија за транзитот на гас. Сега кога Бугарија ја укинува оваа такса се поставува прашањето на кој дополнителен трошок ќе го темелат поскапувањето кое веќе го најавува и самиот Бислимовски?, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните со право се загрижени, бидејќи функционерите на власта на ДУИ и СДС веќе најавуваат воведување на нови такси во сметките кои според процените може да значат 30 милиони евра повеќе трошоци за граѓаните годишно, но и проширување на тарифните групи 3 и 4 кои се најскапи и со што би се направило прикриено поскапување на електричната енергија.

Народот е доведен до питачки стап и секое поскапување на електричната енергија дополнително ќе ја зголемува сиромаштијата, која веќе според процените ги опфаќа речиси 600 илјади граѓани. Ковачевски, Бислимовски и сите останати функционери а власта го уништија енергетскиот сектор во Македонија и резултатот на тоа е секое ново поскапување на електричната енергија за граѓаните. Наместо инвестиции во државните енергетски капацитети, фрлени се на приватните бизниси од кои и самите имаат голема лична корист – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито