ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, како предводник на институциите на системот, за не цела година покажа и докажа како се работи макотрпно, чесно и достоинствено во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ја презема одговорноста да ја води Владата во исклучително лоша состојба оставена од претходното владино раководство, СДС остави пустош во државата во секоја област, велат од партијата.

„Следеше интензивна и макотрпна работа, се запре слободниот пад на економијата и користејќи ги сите расположливи ресурси, почна нејзиното заживување, се зголемуваа платите и пензиите, а странските директни инвестиции на крајот на годината беа на историски највисоко ниво од над милијарда евра.

Постепено и сигурно се враќа функционирањето на институциите на системот, се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи, законот важи еднакво за сите и пред надлежните органи одговара секој што се огрешил пред законот.

Граѓаните ова го гледаат и го вреднуваат. Го ценат досегашното работење на Владата и ги поздравуваат преземените мерки и политики кои значат функционални институции, ефикасна борба против организиран криминал и корупција, подобри услови за сите во државата.

Пред неколку дена беше спроведено истражување на јавното мислење кое го потврди огромното признание за досегашната работа на Владата и големата доверба на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ и претседателот и премиер, Христијан Мицкоски.

Анкетата потврди дека над 60 отсто од граѓаните сметаат дека борбата на властите против организираниот криминал и корупција е интензивна и постојана, две третини од испитаниците ја поддржуваат владината мерка за замрзнување на маржите на дел од производите, додека две третини од испитаниците сметаат дека надлежните институции ефикасно се справија со последиците од трагедијата во Кочани.

Овие високи проценти се резултат на посветената работа и исполнување на очекувањата на граѓаните и на дадените ветувања, се вложуваат сите сили и се користат сите капацитети и ресурси, да се средат институциите на системот и Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој, кој ќе донесе просперитет за сите.

Токму поради се ова, високи 51,7% од испитаниците на избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека на претседателот Мицкоски му веруваат 25,4 отсто, а доколку утре има избори на гласање би излегле високи 64,4% од граѓаните, односно две третини од испитаниците.

Резултатите од ова истражување и големата доверба се потврда за досега сработеното, но исто така претставуваат и обврска ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски, попосветено и неуморно да продолжи со неуморната работа за подобар живот на сите во Македонија, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Пенков: Поддршката на Владата за локалната самоуправа е клучна, развиени општини се основа за развиена држава

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот кандидат за Струмица со Заев исклучуваше од струја цели ромски семејства, ако не гласаат за нив

А1он

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ

СДСМ: Која е целта на Филипче со разгорувањето тензии?

Горан Наумовски