ВМРО-ДПМНЕ: Се трудиме да го подобриме животот на граѓаните

Од:

Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на проекти, кои се во насока на подобрување на животот на граѓаните и решавање на нивните проблеми,  се вели во соопштението кое го објави владејачката партија.

Во тој правец се и превземените мерки и активности на Владата за намалувавање на невработеноста.

Станува збор за еден поширок проект, опфатен преку оперативниот план на активни мерки и политики за вработување, кој ги вклучува следните проекти:

· проектот за самовработување,

· овозможување на финансиска подршка на правни субјекти (мали и средни претпријатија) за отворање на нови работни места,

· обуки за преквалификација и доквалификација на невработени,

· субвенционирање на земјоделци кои се корисници на државно земјодеско земјиште,

· субвенционирање на вработување на невработени лица и субвенционирање на вработување на лицата со посебни потреби  и друго.

· Особено радува фактот што ваквите мерки  во голем дел се искористени од страна на граѓаните на Велес.

· Од 2008 година до денес, за помош на лица при самовработување, потпишани се вкупно 109 договори за неповратни средства (грантови).

· Исто така од 2008 година до денес, потпишани се повеќе од  140 договори за доделување на кредити на физички лица за самовработување.  Висината на овие кредити изнесува 3.000 евра со 1 година грејс период и 3 години отплаќање со 1 % на камата.

· Во последниве три години за субвенционирање на лица по различни основи, самохрани родители, лица кои тешко се снаоѓаат на пазарот на трудот издвоени и одобрени се средства на 59 лица.

· Од неодамна работно се ангажирани 48 лица, преку  времен проект за вршење на јавни работи, чистење и озеленување на околината.

· Само за 2012 година за вработување на инвалидни лица обезбедени се 23.257.280 денари.

· За практикантство во 2012 година обезбедени се 150.000 денари, а за спроведување на обуки за дефицитарни занимања 507.980 денари.

· За период од три години се спроведени и бесплатни обуки на невработените лица во градот и тоа: 277 за странски јазик и 147 обуки за компјутери.

– Реализација на ваквите мерки преставува остварување на проектите зацртани во програмата на ВМРО-ДПМНЕ. На овој начин се влијае за намалување на најголемиот проблем на граѓаните во последните 20 години-невработеноста.

– Ваквиот начин на работа вродува со плод. Бројот на невработени во Велес  од година на на година се намалува. За разлика од 2006 година кога бројката на невработени во Велес беше 15.447 денес таа изнесува 12.488. За 6 години во Велес има 3000 помалку невработени лица.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори и понатаму, за намалување на невработеноста во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи активно да работи на решавање на проблемите на граѓаните и реализација на своите заложби и цели за напредок на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Добиени се три арбитражни постапки и има заштеда во Буџетот од 565 милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

ВМРО-ДПМНЕ: Братот на Диме Велковски се офајди од добиените пари од Еразмус +

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев