ВМРО-ДПМНЕ: Се што Темелковски кажа, излажа, Општина Кисела Вода се дави во ѓубре

Од:

„Општина Кисела Вода се дави во ѓубре! СДСМ во предизборието ветуваше чиста и еколошки здрава општина, а се што добија граѓаните на општината е само уште една ноторна лага на Темелковски и СДСМ.

Темелковски вети еколошки чиста општина, ефикасен одвоз на смет, чисти улици и намалено загадување. Еве како што може да видите се што Темелковски кажа, излажа.

Веќе со недели, цела Кисела Вода тоне во отпади, диви депонии и сведок на тоа е и оваа локација на која што го одржуваме денешниов прес.

Поплаките на граѓаните се секојдневни, а постои и сериозна опасност од ширење на заразни болести.

Темелковски и самиот во својата програма напиша дека контејнерите преполни со смет претставуваат опасност која може да предизвика ширење на зарази, а сега кога седна во својата фотелја очигледно заборави каква опасност за граѓаните тоа всушност претставува.

Ѓубре има насекаде по улиците и тротоарите, по парковите и зелените површини на местата каде нашите и вашите деца си играат и секојдневно поминуваат.

Неспособноста на Темелковски и луѓето околу него е очигледна за сите. Неговата неспособност го загрозува здравјето на сите граѓани, а ваквата нехигиена на јавниот простор може да предизвика сериозни здравствени нарушувања кај граѓаните од општината“, се вели во соопштението на Даниела Костадинова од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Активиран противпожарен апарат во казино во Кисела Вода, дел од присутните завршија во болница

А1он

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ