ВМРО-ДПМНЕ: Се што СДС ќе сруши и уништи, по доаѓањето на власт ќе обновиме и вратиме таму каде што било

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста и даваме јавно ветување дека се што СДС ќе сруши и уништи од она што е создадено веднаш по враќањето на власт ќе биде обновено и вратено таму каде што било и такво како што било и ќе биде покрената одговорност за секој кој сега ќе учествува во разни рушења, уништување или преместувања и слично.

ВМРО-ДПМНЕ укажува дека политиката на пресметка или обид за собирање на политички поени на СДС преку отсранување на спомениците на композиција на светица која за време на својот живот била и добитник на Нобелова награда за мир, скопјанката Мајка Тереза или преку отстранувањето на обележјето на македонскиот војвода Андон Јанев Ќосето близок и многу доверлив соработник на Гоце Делчев, Даме Груев и Христо Татарчев, личност која сериозно го ризикувал својот живот за целите на македонската револуционерна борба за слобода, ќе биде чекор кој ќе внесе негативна енергија и нов раздор во македонскиот општество.

ВМРО-ДПМНЕ им порачува на СДС да се фокусира на градење наместо на рушење, на создавање наместо на уништување и на решавање на проблемите на граѓаните. Секојдневното говорење за реформи нема да и помогне на Македонија ако наместо спроведување реформи владата остане фокусирана на рушење и уништување“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски