ВМРО-ДПМНЕ: Се работи на реализација на капитални инвестиции кои водат кон економска трансформација на Македонијa

Од:

ВМРО-ДПМНЕ постојано работи на развој и економски раст што резултира со подобар животен стандард на граѓаните. Во предлог буџетот за 2025 година на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предвидени се рекордни 50,5 милијарди денари за капитални инвестиции, велат од партијата.

„Во оваа сума колку за илустрација вклучени се проекти како патната инфраструктура за коридорите 8 и 10д, потоа експресни патишта, железници, изградба на објекти. Во работата на овие капитални инвестиции ќе бидат вклучени сите надлежни министерства. Дека Владата е насочена кон развој се гледа и од основниот податок за зголемување на средствата за Министерството за транспорт за речиси 70 проценти или околу 7 милијарди денари повеќе. Потоа најголем дел од предвидените расходи се за капиталните проекти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ со буџетот за 2025 планира инвестиции во инфраструктура, училишта, градинки, болници и други јавни објекти. ВМРО-ДПМНЕ работи на реализација на капитални инвестиции кои водат кон економска трансформација на Македонија и подобар животен стандард на граѓаните“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми