ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Од:

Венко Филипче и СДС се единствените кои се исплашени заради корупцијата и криминалот на структурите блиски до СДС. Филипче да не шири паника и страв и да не ја префрла вината кај граѓаните, граѓаните треба да бидат спокојни, правда мора да има, а институциите на системот да профункционираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Заврши времето на политички нарачани пресуди од судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица. Нема скандал, криминал и корупција, а таму да не се вмешани имињата на Заев и Филипче. СДС со денови растура пердуви во јавноста и околу скандалот со запленетата марихуана, а сега и со случајот со Артан Груби сами се заплеткаа во сопствените лаги.

Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби? Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за исказот на Груби? Кого може Груби да повлече со него, дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други? Лагите на СДС и Филипче траат кратко, но последиците од нив се трајни и штетни за граѓаните на Македонија. Нема јавен настап, а Филипче да не каже лага или сам да се демантира.

На Филипче му пропадна и обидот да ја скрие блискоста на структурите на СДС и кланот Заеви со сопственикот на запленетаат марихуана, но вистината излезе на виделина. Венко Филипче лажеше дека не ги познава лицата дури и на телевизиско интервју кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, но фотографиите од нив двајца кои излегоа во јавноста тоа го демаскираа. Венко Филипче во друштво на сопственикот на илегалната дрога. Венко Филипче и Тони Котев покрај себе. Владеење на правото и правдата мора да има. Секој кој го прекршил законот ќе одговара, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски