ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ/Сорос 20 години го приватизира и уништува НВО секторот

Од:

„СДСМ/Сорос 20 години го приватизира и уништува НВО секторот, како да го добиле на тендер во Струмица.

СДСМ/Сорос толку ги потценија граѓаните и забегаа, што меѓу себе си склучуваа платформи и коалиции, а се обидуваат да глумат некаков невладин граѓански сектор.

Фондација Отворено Општество Македонија, Младински образовен форум, Метаморфозис, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, ЏЕФ Македонија и останатите десетици невладини кои потпишаа договор со СДСМ се само маша на аболицираниот криминалец Зоран Заев преку која коалицијата СДСМ/Сорос го уништува невладиниот сектор 20 години.

Овие квази-граѓански организации палеа и уништуваа за време на платеничката револуција лажејќи дека се борат за правда, а беа предводени од аболицираниот Зоран Заев.

Истите квази-граѓански организации одмолчија и замижаа кога Јанева по втор пат го аболицираше криминалецот Заев.

Лицемерието најдобро се гледа во случаите на Ивана Туфекџиќ и Павле Богоевски, кои наместо борба за правда, донираа илјадници евра на контото на партијата предводена од криминалец кој целата јавност го гледа како бара поткуп, освен неговите поданици на платните списоци на Сорос/СДСМ.

Ваквото грубо силување на невладиниот сектор од страна на СДСМ/Сорос е најдобар показател зошто во Македонија е неопходен и итен процесот на десоросоизација“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања