ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ живее во минатото

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на изјавата на Марјанчо Николов од СДСМ оценува дека опозициската партија живее во минатото затоа и коментира резултати од минатата година.

– Годинава според податоците на Државниот завод за статистика, Македонија забележува раст на БДП на квартално ниво од 3,9 проценти. И минатата година Македонија имаше еден од најдобрите економски резултати во Европа, а исто така сега со 3,9 проценти раст на квартално ниво има трет најдобар резултат годинава, наведува СДСМ во реакцијата.

Годинава, според ВМРО-ДПМНЕ, исто така според последните податоци на НБРМ забележуваме раст на странските директни инвестиции од 44 проценти. Стапката на невработеност според последните податоци на статистика е сведена на најниско ниво досега од 28,9 проценти.

– Кога СДСМ коментира статистички податоци зошто не ги коментира и овие? А уште полошо ќе поминат ако направат споредба со резултатите од нивно време, што не вреди веќе ни да се спомнуваат, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ