ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Филипче работат на штета на здравјето на граѓаните

Од:

„Здравствените експерти предвидуваат дека пандемијата предизвикана од корона вирусот нема да се подобри во брзо време, а Заев и СДСМ упорно на штета на здравјето на граѓаните туркаат избори за да го намалат изборниот пораз.

На криминалната власт и неспособниот Заев не им е грижа за здравјето на граѓаните. Единствено за што водат грижа се сопствениот интерес и личното богатење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само вчера беа детектирани 22 новозаболени, а еден наш сограѓанин почина заради корона вирусот.

Бројките покажуваат дека Филипче по диктат од неговиот шеф Заев не прави доволно тестирања само за да не ја прикаже вистинската слика во Република Македонија.

Но, факт е дека бројот на инфицирани лица од корона вирусот во државата и понатаму расте.

Само за споредба Република Македонија на 2 милиони граѓани има тестирано 9034 граѓани, додека пак Словенија на 1 милион жители има тестирано 30221 граѓани.

Исто така Република Македонија е на рекордно место по смртни случаи од Ковид 19, споредбено со земјите од Албанија, Бугарија и Грција.

За ВМРО-ДПМНЕ недозволиво е граѓаните со изгубени човечки животи да ја плаќаат желбата на Зоран Заев за организирање на брзи избори и ублажување на катастрофалниот изборен пораз кој што ќе им се случи.

Граѓаните ги препознаваат катастрофалните политики на СДСМ, Заев и Филипче“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ