(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во Виница за нецела една година изгуби речиси 2.000 гласови

Од:

„Во недела, граѓаните на Општина Виница покажаа висока демократска и патриотска свест со тоа што не го поддржаа договорот од Нивици за промена на уставното име на Република Македонија, на идентитетот, историјата и традицијата. Јасно и гласно кажаа НЕ на распродажбата на националните интереси за сметка на политичката кариера на Зоран Заев и Никола Димитров“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Виница.

Според нив, СДСМ во Виница за нецела една година изгубиле речиси 2.000 гласови. Излезеноста од само 24% или 3.629 гласови ЗА, во споредба со 5.570 гласови кои СДСМ во Виница ги имашле на локалните избори минатата година се јасен сигнал дека ја губат поддршката кај народот.

„Неисполнетите ветувања од типот намалување на водата и другите комунални давачки во 30%, реализацијата на капиталните расходи на Буџетот на Општина Виница за првите 6 месеци е само од 10%, и тоа што ниту еден капитален проект од изборната програма на градоначалникот Ивица Димитров не е започнат. Криминалните тендери, иновации и афери на дневна основа на централната власт, како и нереалните ветувања до 500 евра плата, 200 километри автопати, 100.000 плата на докторите, и уште многу други се само дел од причините при кои ја изгубија довербата кај граѓаните на Општина Виница“, изјавуваат од општинскиот комитет.

„Довербата кај граѓаните не може да ја добиете со притисок врз администрацијата, и притисок врз стопанството и приватниот сектор. Довербата се стекнува со исполнување на ветеното пред избори, и одговорно домаќинско работење. Но во матрицата на делување на СДСМ се длабоко вградени лагите, манипулациите, и националното предавство кои се нивно обележје кога и да дојдат на власт“, се вели во изјавата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните