ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во Струмица да оди во фирмите кои ги пропадна Црвенковски

Од:

„Дали ќе ги повикате да кренат глас штедачите од пропаднатите штедилници „ТАТ”, „ЛАВЦИ”, „АЛФА С”, да кренат глас за да се вратат во минатото и СДСМ пак да се врати на власт?!

Дали ќе ги викнете да кренат глас над 198 илјади луѓе кој останаа без работа во криминалната приватизација на Бранко Црвенковски, невработените од Славија, Алумина, Порцеланка, Центро, Железара, Кожара, Треска, Стаклара и многу други да кренат глас за да се вратат во минатото и СДСМ пак да се врати на власт“. Вака од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција ги прашуваа социјалдемократите.

„Дали ќе ги повикате пензионерите на кој што им кратевте по 8 проценти од нивните пензии, и сега повторно велите дека треба да им се кратат пензиите да кренат глас за да се вратат во минатото и СДСМ пак да се врати на власт?!

„Дали ќе ги повикате илјадниците земјоделци, на кои што ниту еден денар-пари поддршка не им дадовте во 15-те години додека управувавте, да кренат глас за да се вратат во минатото и СДСМ пак да се врати на власт“, праша Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали ги повикате граѓаните на Република Македонија да кренат глас да се вратат во минатото и да ги вратат на власт Бранко Црвенковски, Илинка Митрева, Љубомир Фрчковски, Ѓунер Исмаил, Таки Фити, Јане Миљоски, Јорго Шундовски, Никола Поповски, Мирослав Грчев, Димитар Бузлески, Илија Иљоски…?!

Ние им порачуваме на луѓето од СДСМ кога ќе отидат во Струмица: да ја посетат Фабриката Иднина, која беше упропастена во време на криминалната приватизација на Бранко Црвенковски, да ги посетат невработените од некогашната Агро промет која пропадна и под сомнителни околности беше приватизирана, да ја посетат Струмичанка, исто така фабрика која беше разграбена во времето на СДСМ, да ги посетат Политекст и Југо промет – фирми кои престанаа да работат во криминалната приватизација на Бранко Црвенковски.

Да ги посетат семејствата кои останаа на улица поради пропаѓањето на сите овие фирми, како и земјоделците од струмичко- од Босилево, од Василево, од Ново Село кој што едвај крпеа крај со крај и на сите овие да им кажат да кренат глас, за да се вратат во минатото и СДСМ пак да се врати на власт“?, рече Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Стратегија Македонија 2030 со шест носечки стожери за безбедна, стабилна, економски и технолошки развиена држава

Горан Наумовски

Мицкоски од Кавадарци: Националниот идентитет не е предмет на преговори

А1он

ВМРО-ДПМНЕ на конгрес во Кавадарци, се очекува реизбор на Христијан Мицкоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од СДС се подготвени да измислат колонизација на марсовци во Македонија само за да создадат паника кај народот

ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДС смета дека има поголема доверба од народот, нека поднесат барање за предвремени избори

Горан Наумовски