ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во ек на корона трошеше за мебел, алкохол и морска храна, а лекарите немаа ни за маски

Од:

„За Спасовски и СДСМ личната комоција е поважна од животот на граѓаните. Владата во ек на коронавирус од 18-ти март до денес потрошила 294.310 евра, не на заштитна опрема или дезинфициенси, туку за набавка на мебел.

Спасовски и СДСМ немаа пари за заштитна опрема за лекарите и медицинските работници, но имаа пари за мебел и столарија.

Владата потроши стотици илјади евра на луксуз и раскош, во време кога работници остануваа без работа, а фирми ставаа клуч на врата.

Додека народот немаше ни за леб и сол, владата на Спасовски со народни пари потроши илјадници евра за школки, шкампи и морска риба ракови, и друга морсла храна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ, Заев и Спасовски не штедеа ниту на алкохол. Во ек на здравствена криза владата купуваше алкохол и тоа два тона сортно вино, 45 литри бурбон, 90 литри шкотско виски и 30 литри шампањ.

Додека граѓаните немаат за леб, луѓе умираат од корона, македонската економија е пред колапс од катастрофалните политики на власта, додека работници се отпуштаат од работа, додека граѓаните мака мачат како да сврзат крај со крај, додека медицинскиот персонал се соочува со недостаток на заштитна опрема, СДСМ се луксузира на сметка на граѓаните задоволувајќи ги сопствените потреби.

Ова е лудоста на СДСМ, Заев и Спасовски. Ова е вистинското лице на Заев и Спасовски.

Наместо главен приоритет да им бидат граѓаните, за СДСМ главен приоритет е луксузот.

Граѓаните се разочарани од несериозното однесување на СДСМ, Заев и Спасовски.

Недозволиво е криминалната влада на СДСМ и функционерите од власта да се луксузираат на државна сметка.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Потребна е итна обнова на Македонија.

Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски