ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во цели три месеци не успеа да реализира ниту еден важен проект во инфраструктурата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмена реакција на прес-конференцијата на Горан Сугарески.

„100 дена лаги, 100 дена неспособност, 100 дена понижување на граѓаните.

СДС поминаа 100 дена во блокади, стопирање и укинување на проекти.

Прес конференцијата на Сугарески покажува дека СДС во цели три месеци не успеа да реализира ниту еден важен проект од областа на инфраструктурата. Дополнително ја задолжи државата за над 320 милиони евра, а не успеа да отпочне ниту еден инфраструктурен проект.

За жал СДС и Сугарески водени од гневот, инатот и омразата, ги стопираа и веќе почнатите проекти од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и сето ова оди на штета на граѓаните.

СДС без никакви аргументи ја стопираше изградбата на трите најголеми инфраструктурни проекти, автопатите Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. СДС остави на улица над 3.000 градежни работници егзистираа од изградбата на овие три автопати.

Како резултат на погубните политики на СДС за стопирање на проектите на ВМРО-ДПМНЕ, градежниот сектор, кој вклучува и 25 други стопански гранки во последните три месеци е во постојан пад.
Резултатот од 100те дена владеење на СДС е катастрофален пад на сите макроекономски показатели. Државата бележи минусно салдо на индустриското производство, платите, извозот, градежништвото, БДП, девизните резерви.

Граѓаните на претстојните локални избори ќе ги казнат овие штетни политики на СДС. Катастрофалниот пораз на СДС на локалните избори ќе биде вовед во предвремени парламентарни избори, бидејќи колку порано се застане на патот и се спречи уништувањето на економијата и растурањето на државата, толку побргу државата ќе се врати на прав пат“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите