ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во Битола почна кампања со „Господ на помош“ и со туѓи проекти

Од:

Откако ги самите ги промашија сите можни рокови, па дури и во кампања не влегоа на време, луѓето опд СДСМ во Битола и нивните приврзоци денеска на Битолчани им порачаа дека „било време“, реагираат од владеачката партија.

Кандидатот за градоначалник, велат, од попишманетата опозициска група која попусто сака да ги убеди граѓаните дека биле „Сојуз за иднината“, Менде Динески денеска конечно претстави приоритети за кои рече дека биле дел од неговата предизборна програма.

И само што се израдувавме дека конечно ќе имаме предизвик и ќе ни се спротистават со идеи, наместо со досегашните празни обвинувања и опструкции со мали измени, без трошка срам, од збор до збор си прочитаа проекти како од оригиналната програма на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески.

И уште застанаа зад црвена говорница со жолта петокрака, а веднаш по прес конференцијата заедно со кандидатите за советници се упатија в црква. Се надеваме дека ваквата, јавно манифестирана побожност ќе им потрае и ќе обезбеди поддршка на проектот на градоначалникот Владимир Талески за изградба на црква на св. Нектариј Битолски на битолскиоот плоштад. Или барем, дека нема во Битола да ни се повторат скопските искуства, кога благодарение на протестите на здруженија и интелектуалци блиски до СДСМ, се стопираше изградбата на црква на плоштадот во Скопје, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ