А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваше 600 километри автопат, а сега виновни им се граѓаните бидејќи лошо разбрале

by А1он07/05/2018 - 09:0291
Share0

„СДСМ ја потценува интелигенцијата и помнењето на граѓаните и со манипулации бега од предизборните ветувања. Неспособниот Сугаревски сега се обидува да ги порекне ветувањата запишани во предизборната програма на СДСМ како и во програмата на владата предводена од Заев. За да ги добијат гласовите ветуваа 600 километри автопат, а сега кога се гледа дека се неспособни да изградат макар еден километар, виновни им се граѓаните бидејќи лошо разбрале.

Добивај вести на вибер

Политиките и програмата на оваа неспособна влада за само една година доживеаја вистинско фијаско. СДСМ и Заев во предизборието на граѓаните им ветуваат изградба на шестотини километри автопат како и 550 километри магистрални и регионални патишта и 1.000 километри локални патишта. И ова ветување на СДСМ и Заев се покажа како една огромна лага. Граѓаните по кој знае кој пат се уверија дека на зборот на СДСМ и Заев не може да му се верува.

Бројките не лажат. Бројките велат дека владата на СДСМ и Заев за првите 3 месеци реализирала катастрофални 7.5 проценти од капиталните инвестиции за 2018 година. Ова е најдобар показател за неспособноста на оваа влада.

Додека нема никаква реализација на капитални инвестиции и владината програма на полето на инфраструктурни проекти, црното економско трио составено од Заев, Тевдовски и Анѓушев ја движи Македонија кон должничко ропство. Цената за расипничкото трошење ќе ја плаќаат не само сегашните туку и идните генерации граѓани на Република Македонија.

За само три месеци од новата година владата на СДСМ ги задолжи граѓаните за неверојатни 300 милиони евра, јавниот долг ја надмина границата на 5 милијарди евра, а државниот долг ја надмина границата од 4 милијарди евра.

СДСМ ја закова Македонија на дното според макроекономските показатели во регионот и во Европа и е одговорна за стагнацијата на македонската економија во 2017 година кога растот на БДП изнесуваше 0%. Со вакви катастрофални економски политики, катастрофална реализација на капитални проекти и расипничко трошење македонската економија се движи кон целосен крах. Ова лудило мора да запре, а ова економско цунами мора што поскоро да си замине“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

Горан Наумовски25/12/2025 - 13:13

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

Горан Наумовски24/12/2025 - 09:08

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски22/12/2025 - 10:3722/12/2025 - 11:45

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски22/12/2025 - 09:0722/12/2025 - 11:44

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

Горан Наумовски22/12/2025 - 09:03

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски19/12/2025 - 10:0719/12/2025 - 15:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен