ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ уште еднаш докажа дека свеста во партијата е на ниско ниво

Од:

Денешната прес конференција на Андреј Петров е срамен обид на СДСМ да изгради позиција во која доколку Р. Грција повторно стави вето на евро-интергративниот процес на Р.Македонија, СДСМ и за тоа да го обвини Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Мораме да потенцираме дека добивањето на препораката и позитивниот извештај од страна на Европската Комисија е голем успех за Р. Македонија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, преку Министерството за надворешни работи ги истакна принципите според кои има подготвеност да се продолжат разговорите за пронаоѓање за взаемно прифатливо решение помеѓу двете страни.

Целта на денешната прес конференција на СДСМ е дискутабилна. Нема никаква врска меѓу меморандумот кој Грција го упати со редовните проекти на владата за градење и реконструкција на училишта и спортски објекти, на чие отварање во најголем број присуствува претседателот на Владата на Р. Македонија.

СДСМ со вакви прес конференции ниту ќе и помогне на државата, ниту пак ќе добие подршка од граѓаните.

Постапките на ВМРО-ДПМНЕ се во согласност со интересите на државата. Ова е време во кое треба да се престане со ефтини препукувања меѓу партиите. Напротив сите политички партии без разлика дали се на власт или во опозиција треба да работат посветено и заеднички во убедување на меѓународната јавност и меѓународната заедница за подршка на Р. Македонија, во евро-интергративните процеси. Денешната прес конференција на СДСМ е доказ за ниското ниво на свест што владее во таа партија. Ние се надеваме дека и во СДСМ ќе се најдат сили и волја да се надмине таквата состојба, стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски