ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да се разбуди од сонот, сега е 2021 година, а не 2017 година, лагата по втор пат нема да им помине

Од:

„Заев и СДСМ одат со старите и истрошени кадри на локални избори. СДСМ не нудат ништо ново, туку ги предлагаат истите луѓе кои немаат ниту еден проект. Љупчо Николовски вчера кажа дека СДСМ за свои кандидати ги предлага: Тони Делков за Неготино, Борче Георгиевски за Гази Баба, Јасмина Гулевска за Могила, Звонко Пекевски за Берово, и Даниел Крстевски за Ранковце. Сите освен Крстевски се актуелни градоначалници кои немаат направено ниту еден проект“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Георгиевски вети 5 градинки, а после четири години едвај успева една да заврши, од другите 4 ниту трага ниту глас. Вети и не направи основно училиште, нема ниту нови водоводи и канализации.

Иста е сликата и со Делков, Гулевска и Пекевски. Нема дела, нема проекти, само крадат и прават криминал.

СДСМ треба да се разбуди од сонот, сега е 2021 година, а не 2017 година, лагата по втор пат нема да им помине.

Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците