ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да го осуди Вице Заев за рекетот, вака се само портпароли на една приватна компанија на Заеви

Од:

„Самиот факт што СДСМ му е портпарол на еден лик како Вице Заев, говори дека таа партија е претворена во приватна фирма на Заеви.

СДСМ наместо да ги копира изјавите на Вице Заев треба да се огради од него.

Очигледен е криминалот кој е направен во РЕК Битола“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно е дека Вице Заев изнудувал 250.000 евра од бизнисмен и за тоа постои пријава.

Исто така очигледна е спрегата власт на Заев, обвинителство и полиција, бидејќи се гледа дека таа пријава е менувана се со цел да не стои името на Вице.

Очигледно се потврдува изјавата дадена пред суд дека сите рекетирани пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

И покрај тоа што ги води аболициран криминалец, СДСМ треба да се охрабри и да му се спротивстави на Зоран Заев. Вака се окупирана партија која не може да се ослободи од криминалот на Заев“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ