ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ стои позади манипулациите и невистините за екстерното

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во денешната реакција на прес-конференцијата на Петар Атанасов, наведува дека СДСМ се демаскираше и покажа дека токму тие стојат позади сите манипулации и невистини со кои предизвикаа вознемиреност на студентите, а со единствена цел да ги злоупотебат и искористат во партиски и политички агенди.

– Екстерниот испит кој СДСМ твдри дека треба да се полага е манипулација и невистина. Се работи за идеја за државен испит кој е премногу различен од екстерното полагање. Кај екстерното се мери дали добиената оценка одговара на знаењето. Кај државниот испит целта е да се евалуира дали студентот има минимално знаење за да го положи испитот. Не е вистина дека ваков државен испит не постои во други земји. Државен испит има во Полска, Ческа, Унгарија, Словачка, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот, како што стои во соопштението, е пред полагањето да се објави целиот пул на прашања така што студентот ќе биде подготвен за она што следува.

– Дополнително, повеќе владини официјални лица потенцираа дека оваа реформа ќе се донесе со широка и сеопфатна јавна расправа. Ние сме отворени за какви било идеи кои одат во насока на подобрување на квалитетот на високото образование. СДСМ нема таква цел. СДСМ има намера да прави забуни и политички да профитира на грбот на идните генерации, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ