ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со предизборен поткуп се обидуваат да ја ублажат катастрофата што ги очекува во април

Од:

„СДСМ соочени со пораз се обидуваат со предизборен поткуп да ја ублажат катастрофата која ги очекува во април.

Во обид да спаси колку што може, СДСМ предизборно врши брутална партизација во државната компанија АД ЕЛЕМ каде распиша оглас во кој се предвидени 200 вработувања.

Покрај АД ЕЛЕМ, со предизборни вработувања ги партизира и останатите државни енергетски компании. Во РЕК Битола вработи 200, а во МЕПСО вдоми 63 свои партиски војници на само 8 дена пред техничка влада“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Повеќе од јасно е дека СДСМ во очи на изборите безмилосно ги троши буџетските средства за да ги награди своите партиски војници имајќи предвид дека во овие компании платите се неколкукратно повисоки од просечната плата во Македонија. Не се вработуваат инженери или други стручни лица потребни за работа, туку разни советници, книговодители и раководители.

Истиот принцип СДСМ и Заев го спроведуваа на почетокот на мандатот кога во компаниите си ги вработија децата на функционерите и советниците кои претходно одработуваа за нив во минатата кампања.

Додека повеќе од 70% од граѓаните во Република Македонија земаат плата пониска од просечната а 500.000 едвај преживуваат, партискиот кадар на СДСМ и роднините на нивните функционери земаат дебели натпросечни плати во државните компании.

Животот кој го ветија го обезбедија само за своите фамилии, а за македонските граѓани СДСМ донесоа сиромаштија и порази.

Токму затоа Заев и СДСМ ќе бидат жестоко поразени на 12-ти април. СДСМ и Заев ќе бидат казнети заради бедата која ја донесоа и сите криминали, измами и неправди изминативе три години.

После 12-ти април следува одговорност и обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Заев и СДСМ никогаш повеќе!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела