ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со популизам сака да ги привлече учениците и родителите

Од:

СДСМ се обидува со популистички ставови да ги привлече симпатиите на наставниците, учениците и нивните родители. Но колку и да им е мачна оваа активност, тие знаат дека оваа реформа ВМРО-ДПМНЕ ја направи за нивно добро и тие тоа повеќе го ценат, отколку срамното додворување на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, кој побара да се укине екстерното тестирање поради проблемите што им ги содзава на учениците и на родителите.

„Низ годините на транзицијата вредносните критериуми во образованието паднаа на најниски гранки, согласно вредносните критериуми на тогашното водство на СДСМ. Реалното знаење отиде во втор план и стана неважно, иако тоа е темелот на сите понатамошни успеси. Создавањето работни навики кај младите се замени со бркање врски, ургенции и притисоци врз наставниците да им пишуваат петки на учениците. Тоа стана вредносен критериум. Кој е повешт во тоа, кој има побогат или помоќен родител и слично. Отсуството на знаење и навиката по заобиколен пат да се дојде до некаков успех беше и се уште е основниот критериум на вредност на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа оваа транзициска и губитничка филозофија“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, каде се додава дека сакаат генерации со знаење и креативност, луѓе со работни навики и навики цел живот да го надоградуваат своето знаење.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела