ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со лажните обвинувања ја потценува свеста на земјоделците

Од:

СДСМ немајќи што да искритикуваат во областа на земјоделството, пропаднати во својата безидејност и затворени во својот свет, денеска само ги репризираа истите лажни обвинувања и манипулации од надзорната расправа во Собранието на Република Македонија, но сега кажани од пред зградата на Министерството за земјоделство, со што ја потценува свеста на земјоделците и на македонската јавност, стои во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Ленче Николовска.

Дека станува збор за лажни обвинувања и манипулација говорат фактите во земјоделството, кои земјоделците најдобро ги знаат. Секој во Република Македонија знае дека во времето на СДСМ зборот субвенции за земјоделците речиси и да не постоеше. Наспроти нивните 3-4 милиони евра поддршка за земјоделството на годишно ниво односно вкупно 15 милиони евра за периодот од 2002 до 2006 година, Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште првиот месец во 2006 година ја зголеми поддршката за субвенции во земјоделството која од година во година драстично се зголемуваше за да оваа 2013 година достигне 135 милиони евра, стои во соопштението.

Како поддршка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која овозможи развој на земјоделството низ пристап базиран на постојани средби со земјоделците и градење на дијалог со сите засегнати страни во земјоделскиот сектор, се наведени и транспарентна постапка за распределба на земјоделското земјиште. До 2006 година биле склучени само 411 договори за вкупна површина од 98.150 хектари, а од 2006 до сега по разни основи склучени се вкупно 7.194 договори за државно земјоделско земјиште со површина од 55.220ха.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела