ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со лажни податоци ја збунува јавноста

Од:

ВМРО-ДПМЕ во реакција на прес-конференцијата на СДСМ за предлог буџетот за 2015 наведува дека СДСМ осум години со лажни податоци, со бројки од ракав се обидуваат да ја збунат македонската јавност. Но тоа не е можно, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи постојат факти кои го говорат спротивното а факт е дека македонската економија има највисок раст во регионот и Европа.

– Убавото е во тоа што кога работиш коректно, вредно и за својот народ, резултатите се неминовни и видливи без разлика на агресивната и манипулативна пропаганда на политичките опоненти, стои во писмената реакција.

Наведуваат повеќе факти, меѓу кои дека се покачени платите во јавниот сектор за 4 отсто, дека ќе се покачат пензиите и социјалната помош за нови 5 отсто, дека ќе се исплатат субвенции за земјоделците 140 милиони евра, потоа деак се гради Коридорот 10 во кој ќе се вложат 3,4 милијарди денари…

– ВМРО ДПМНЕ зборува со факти и дела – тоа е лекција која треба да ја научи секоја политичка партија која сака да ја добие довербата од народот, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ