ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се распаѓа во Куманово

Од:

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Мирослав Стојановски истакна дека СДСМ во Куманово се распаѓа, а како доказ за тоа ја посочи вчерашната седница на Советот на општината.

„Мнозинството во советот носи одлуки кои ги предлагаше ВМРО-ДПМНЕ.

Гласачката машина на СДСМ во советот се распадна и на виделина излегоа сите аномалии во работењето на јавните претпријатија чии извештаи не беа изгласани, а за кои советничката група на ВМРО ДПМНЕ долго време предупредуваше.

Со ова и Кумановското СДСМ конечно ги призна грешките и стави печат на фактот дека гардоначалникот на Куманово цело време работеше против интересите на граѓаните на Куманово.

На виделина излезе дека финансискиот извештај на ЈП Водовод не заслужува да добие зелено светло. Иако Дамјановски ја покачи цената на вода на Кумановчани, се покажа дека не може да го извади ЈП од амбисот во кој самиот го донесе.“, рече Стојановски.

Според него со ова официјално се признало и дека ЈП Куманово Паркинг прераснало во уште еден општински загубар.

„Одлуките кои ги донесе мнозинството во Советот на општина Куманово само дадоа потврда дека предлозите и критиките кои ги даваше ВМРО-ДПМНЕ беа точни .

Се докажа дека нема да може неколку месеци пред избори да се протуркуваат проекти за приватно-јавно партнерство со кои градоначалникот сака да си прави свој личен маркетинг,а граѓаните на Куманово бенефитит од тие проекти ке го имаат само како вечна најава.

Заврши времето кога Дамјановски ги диригираше одлуките во советот. Додека Јавните Претпријатија во општината пред негови очи пропаѓаа,а граѓаните на Куманово стануваа жртви на истите одлуки, тој се занимаваше со ВМРО-ДПМНЕ.

Мнозинството на Советот сепак собраа храброст и ја казнија неговата политика.

Зоран Дамјановски ниту неговите повеќе не го сакаат. Дамјановски нема повеќе кредибилитет во Куманово. Граѓаните ќе го казнат на следните избори“, рече Стојановски.

 

Би можело да ве интересира

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Вистинското лице на Мојсоска и останатите од Левица е разобличено и демаскирано, никој веќе не им верува

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата знаат дека ДУИ раководи со „Дрисла“

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?