ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се противи на механизам кој го воведе

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ за тужбата што опозициската партија ја поднесе до Управниот суд против стариот состав на Државната изборна комисија (ДИК) наведува дека  СДСМ се противат на механизам кој самите го усвоиле и оти целта им била да создадат хаос.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека СДСМ во 2004 година ги вовела државните хартии од вредност како инструмент за финансирање, како што наведуваат, пеглање на балансот на буџетот, што, впрочем е и нормален начин на функционирање во секоја земја. Потоа, истакнува ВМРО-ДПМНЕ, издаваат аукции во вредност од десетици милиони евра.

– Од година во година тие аукции се презапишуваат – се издаваат нови аукции, а се враќаат доспеаните за исплата стари аукции. И сега наеднаш велат не смее да има аукции, не смеат да се издаваат државни хартии од вредност.м Велат дека издавањето на државните хартии од вредност ќе ги попречи претстојните избори. Да потсетиме дека овие аукции се планирани уште со буџетот за 2015 година, изгласан во октомври минатата година, кога не се ни знаеше дека ќе има вонредни парламентарни избори во април 2016, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, целта на СДСМ е да создаде хаос и сака да го спречи нормалното функционирање на буџетот.

– СДСМ сака да не се исплаќаат пензиите на пензионерите, платите на војската, полицијата, здравствените и образовните работници, да не се реализираат капитални проекти, патишта, училишта, болници итн.  И пред изборите во 2013 и 2014 го правеа истото – само со земјоделците. Да потсетиме дека неколку месеци поради барањето на СДСМ на земјоделците не им се исплаќаа субвенции за да потоа истите СДСМ реагираат дека се доцни со исплатата на субвенциите. СДСМ кога тоне сака се да повлече со себе. Но, од желба до реализација има многу, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

СДСМ: Власта на Мицкоски спроведува опасна партизација на АНБ и крши закон, Христовски да биде разрешен

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ е против етнички институции-советниците нема да ги гласаат буџетите во тие општини

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги