ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од соочување со народот

Од:

„Стравот на СДС од соочување со народот станува се поголем. Тие се свесни дека граѓаните ќе ги казнат за предизборните лаги за план за живот кој потоа го претворија во постизборна измама која треба да резултира со прифаќање на Тиранската Платформа.

Затоа народот е на улиците. Во СДС се прават при очи слепи и ги игнорираат над 200 илјади граѓани кои гласно побараа од СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев да ја отфрлат Тиранската Платформа. Но СДС и тогаш и сега не сака да ја чуе волјата на народот, затоа што е однародена партија, партија која е спремна да ги распродаде државните и национални интереси, партија на која помили им се нарко-мафијашките структури, наместо граѓаните.

Народот е тој што нема да дозволи ваквата изборна измама на СДС да помине.

Народот е тој што нема да дозволи реализација на Тиранската Платформа и разнебитување на Македонија.

Народот е тој кој што бара нови парламентарни избори заедно со локалните избори и соочување со измамниците, криминалците и разнебитувачите на Македонија олицетворени во Зоран Заев и криминалното раководство на СДС.

Народот е тој кој што ќе стави крај на антидржавната политика на СДС и Зоран Заев кои Македонија ја носат од една во друга криза.

Народот е тој кој што ќе им ја изрече најголемата казна на СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев на избори.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер