ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од предвремени избори, бидејќи за овие 2 и пол години ништо не направи

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Во СДСМ владее хаос и страв од соочување со народот.

СДСМ се плаши од предвремени парламентарни избори бидејќи за овие 2 ипол години ништо не направи.

Доколку СДСМ има дилеми околу одлуката на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, нека ја поддржи и нека излезе на избори. Така Заев ќе спречи понатаму да се бламира портпаролот Костадинов повикувајќи се на дезинформации.

Вистината за СДСМ е болна и заради неа Заев бега од избори. Економијата стагнира, пензиите не растат, реформи во образование нема, а во здравство владее хаос.

Ветуваа плата од 500 евра, а граѓаните добија ветување дека Заев ќе носел железни опинци.

Ветуваа 600 километри патишта, а не можат да ги завршат ниту започнатите од време не ВМРО-ДПМНЕ.

Време е граѓаните да го тргнат црнилото, за да изгрее зора над Република Македонија“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации