ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да се оправда за епидемијата на непотизам на врвот од власта

Од:

„СДСМ соочена со падот на рејтингот и својата неспособност очајнички со манипулации се обидуваат да се оправдаат за епидемијата на непотизам на врвот од власта која што владее во Македонија.

Имено тие наместо да мачкаат очи на јавноста треба да одговорат како е возможно во само неколку месеци да имаме стотици случаи на непотизам од сите нивоа на власта. За само неколку месеци тие ги вработија мајките, синовите, ќерките, браќата, сестрите, сопрузите, сопругите, зетовците, снаите золвите и свекрвите на видните партиски функционери во државната администрација за примања повисоки од просечните. Оправдувањата патем им се дека речиси секогаш роднините или биле или единствени кои конкурирале или најдобрите кандидати.

СДСМ и должат на јавноста објаснување, но и одговорност како тоа на толку невработени, особено млади и дипломирани кадри, место во администрацијата има за нивните роднини, а не за останатите граѓани. Во ситуација кога има над 500 илјади граѓани кои живеат во сиромаштија, кога се покачуваат акцизите и даноците, кога расте јавниот долг, буџетот се оптеретува со нови вработувања на роднини кои ќе ги плаќаат граѓаните од свој џеб.

Оваа епидемија од непотизам може да прекине само со пораз на Претседателските избори на опцијата предводена од деспотот Заев и криминалниот картел. Тогаш ќе почне демонтирањето на оваа аздисана и ненародна власт“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски