ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да го осуети успехот на Владата на ДПМНЕ со малициозни настапи

Од:

Со договорот за “Јужен тек” што беше потпишан минатата недела помеѓу Владата на Република Македонија и Руската федерација, Македонија влегува во најголемиот енергетски, воопшто економски проект во последните 23 години.

Тоа е фактот тоа е вистината која и причинува болка на СДСМ и се обидува да го осуети овој успех на Владата на ВМРО-ДПМНЕ со безуспешни и малициозни настапи во јавноста, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски од СДСМ.

Во неа додаваат дека на повеќе наврати беше објавено дека гасификацијата на Република Македонија и влегувањето на земјата во проектот „Јужен тек” се два различни проекти, меѓутоа дека се заемно поврзани и условени.

Објаснувајќи во реакцијата што значат двата проекта, ВМРО-ДПМНЕ наведува бидејќи Република Македонија нема природни извори на гас, а гасот нема нозе сам да дојде во земјава потребно беше да се обезбеди сигурен доток на овој енергенс што беше направено со потпишување на договорот за приклучување кон коридорот Јужен тек.

– Ова е голем успех за Владата на ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија бидејќи се обезбедува енергетска иднина за следните 50 години и Македонија стана дел од овој стратешки битен гасоводен коридор, иако на почетокот не беше ниту планирана да биде дел од него.

– Кога целата експертска и македонска јавност го поддржа и го поздрави потпишувањето на договорот со кој Македонија станува дел од проектот Јужен тек, СДСМ се обидува неосновано и неаргументирано со критикување да придобие ситни политички поени, се наведува во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните