ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се исплашени од предвремени парламентарни избори

Од:

„СДСМ си го покажаа своето вистинско лице. СДСМ покажа дека партиските состаноци и активности ги плаќаат граѓаните од свој џеб. СДСМ покажа дека се користат државни коли за партиски патувања и потреби. Државата е потчинета на партиските интереси на СДСМ.

Забеганоста нема крај. Додека народот гладува и 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, партиските функционери на СДСМ се луксузираат со државни ресурси а МЕПСО нарачува луксузен мебел од телешка кожа. Тоа се вика аздисаност.
Зоран Заев и СДСМ бесрамно го спроведуваат планот да ја направат партијата држава, а државата партија.

СДСМ прави класична злоупотреба на државните ресурси за сопствени и партиски цели.

Наместо проекти и реформи за подобрување на животниот стандард, граѓаните на Република Македонија се сведоци на криминал, корупција, закани, уцени, непотизам, вработување на партиски војници, а сега уште и злоупотреба на државните ресурси.

Има 4 милиони евра годишно за 700 нови вработувања под државна капа а само едвај 1.5 милиони евра за проблемот со загадувањето од кој дневно умираат по неколку луѓе.

Народот не е должен да ги плаќа луксузирањата на неспособната и криминална влада на СДСМ, Зоран Заев и некадарните министри.

СДСМ се свесни за својот слаб рејтинг и се исплашени од предвремени парламентарни избори.

Но, за Македонија да оди напред, за граѓаните да живеат подобро мора овие црнила на криминалниот картел на власт да завршат. Зоран Заев мора да си замине час поскоро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада