ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фалат со проекти започнати од нас

Од:

„Новиот водоснабдителен систем е проект со кој СДСМ се фали е уште еден доказ дека само ги довршуваат и спроведуваат проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено овој проект е започнат на 15.02.2017 од страна на градоначалникот г. Иван Франгов финансиран со средства обезбедени од Светската банка и Европската унија во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги на Министерството за финансии.

Безидејноста на СДСМ е се поочигледна, од кога се на власт немаат ниту еден проект започнат.

Од ветувањата на СДСМ за 600 километри нови автопатишта, 550 километри магистрални патишта и над 1.000 километри регионални патишта се уште нема.

Ова е најнеспособната влада во историјата на Македонија. Колку побргу ќе си замине оваа неспособна власт, толку побргу ќе закрепне економијата и државата ќе се врати на вистинскиот пат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски