ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да се дограби до власт по секоја цена

Од:

„СДС е под огромен притисок и уцена да ја реализира Тиранската Платформа.

Криминогеното раководство на СДС знае дека ќе заврши во затвор за сторените криминали, доколку не се дограби до власт макар и по цена на жртвување на највисоките државни и национални интереси.

Јавна тајна која ја пренесоа сите медиуми е дека криминалецот Заев преку своите фирми и фирмите на неговите блиски, семејството врти стотина милиони евра годишно, злоупотребувајќи ја функцијата градоначалник и Претседател на СДС.

Нема тендер во Струмица кој не завршил во рацете на роднините на Заев или на неговите послушници.

Парите од Струмица гас, од Глобал, од Цареви кули, од тендерите од градинките и училиштата сите завршуваат на сметките на семејството Заеви или на неговите послушни сопартијци.

Затоа за жал, Васко Ковачевски денес мораше да се бламира себе си со пласирање на клевети само за да ги прикрие криминалите на Зоран Заев и неговото злосторничко здружување односно фирмите околу неговата нарко мафија кои му помагаат на СДС.

Ниту Сашо Мијалков, ниту ВМРО-ДПМНЕ имаат било каква поврзаност со договорот на РЕК Битола или со фирмата за која што денес се зборуваше дека добила тендерот.

Со пласирањето на ваквите лаги Васко Ковачевски нема да му помогне на Зоран Заев да го протурка на мала врата распродавањето на највисоките државни и национални интереси. Зоран Заев е минато. Народот денес му застана на пат“ изјави Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ