ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да предизвика паника кај граѓаните

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес-конференција на СДСМ и оценува дека СДСМ сака да предизвика паника кај граѓаните.

„Деструктивноста и црните сценарија се начинот на кој СДСМ работи. Тие така мислат дека ќе искористат можност да се вратат на власт. Затоа деновиве слично како и кога СДСМ шпекулираше девалвација на денарот, Јовановски се труди да внесе чувство на несигурност меѓу граѓаните и фирмите, притоа не водејќи сметка за штетите кои ги предизвикуваат. Тоа не е одговорно“, стои и во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата, вели ВМРО-ДПМНЕ, со мерките кои претходно ги презема се подготви за таква една ситуација, која носи предизвици, кои се исти како и оние со кои се соочуваат државите во соседството и во Цела Европа, а кои ги носи европската должничка криза.

Навреме , вели партијата, се обезбедија две кредитни линии, едната 100 милиони евра за малите и средните претпријатија и другата со која се обезбедени 11 милиони евра за земјоделските петпријатија, посочува ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата, меѓу другото, објави и програма за заштита на социјалните категории на населението преку изведување јавни работи, креирање околу 4.000 работни места, директно по таа основа и дополнителни работни места преку привремените вработувања, во рамки на Агенцијата за вработување.

– Значи ова се нови работни места во време на огромна светска криза. Ова се мерките кои ги презема Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна мерките кои ги предложи СДСМ се зголемување на даноците, кратење на пензиите, платите, социјалните трансфери, намалување на субвенциите.Граѓаните можат да ја направат разликата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандалозно е што Мицкоски го штити Изет Меџити при јасни докази

Влада: Не се вистинити наводите на СДСМ и на ДУИ за работата на Министерството за животна средина

СДСМ: Ние сме за реформи во судството, но ова што го прави власта е дефинитивно една груба партизација

Меџити: Не може административна или архивска работа да се прикаже како голем скандал

(ВИДЕО) СДСМ на Мицкоски му предаде документи за скандалот со вицепремиерот Меџити

Горан Наумовски

СДСМ на Мицкоски ќе му достави документи за работата на Меџити